Наплатени 65% од решенијата за данок на имот за годинава, вкупните приходи 7% над планираното

И повеќе од планираното се приходите за наплата на данокот на имот во Општина Штип на крајот на годината. Наплатени се 7% од планираното имајќи ги предвид и заостанатите долгови, сепак од решенијата за тековната година се наплатени само 63%. Ваквиот процент е сличен како и минатата година, кога беа наплатени 65% од изготвените решенија за 2022 година. Не се наплатени дури 18.000.000 денари од она што значи данок на имот за тековната година.

„Од планирани 38.000.000 денари во Буџетот, досега наплатени се 51.000.000 денари или тоа е околу 107%, односно 7% над планираното. Во однос на решенијата од 2023 година, досега се наплатени 63%, односно од планирани 48.000.000 денари, наплатени се 30.000.000 денари. Сакаме да апелираме дека оние коишто не си ги платиле своите даночни обврски да ги платат“, вели Драган Каров, раководител на Одделение за администрирање на приходи“, вели Драган Каров, раководител на Одделение за администрирање на приходи.

Тековно се реализира и присилната наплата која, реално, има ефект, а доказ за тоа е и фактот што се наплатени повеќе од заостанатите трошоци за минатите години и приходите се над планираното. Минатата година мерката присилна наплата беше применета на околу 2.000 физички и правни лица.

„Во моментов како и претходната година, така и оваа година тече процесот за присилна наплата. За сите оние коишто не ги платиле оврските за данок на имот од претходните години, се изготвуваат решенија, се доставуваат до обврзниците и потоа се доставуваат до банка за наплата по истите“, додаде Каров.

Каров додаде дека во период кога е актуелна промената на личните документи, мора да се напомене дека тоа треба да се пријави и во Даночното одделение во Општина Штип со цел да имаме точна база на податоци и доставата на решенијата да биде во ред.

Ребека Спасова М-Нет