Наплата на паркинг услуга со годишен билет најисплатливо и најкористено

Паркинг службата беше и остана не решен проблем за граѓаните на Општина Штип. И покрај можноста за плаќање на оваа услуга на повеќе начини, проблемот лежи во недоволниот број на обележани паркинг места. А работата, секојдневниот начин на живот бара можности за решавање на овој недостаток. Граѓаните во државата па и во Општина Штип, покрај можноста да наплатат паркинг услуга еднократно, може истата потреба да ја задоволат и со купување на месечни и годишни билети, бидејќи ова е поисплатливо. Токму и затоа ваквиот начин на плаќање на паркинг услуга е поголем.

„Луѓето преферираат да наплатат годишен билет бидејќи тој билет е поефтин во однос ако го земаат билетот секој месец. Цената на билетите е иста како и претходната година, 1000 денари за лицата кои живеат на места каде се плаќа паркинг услуга и 3000 денари за вработените кои ги оставаат своите автомобили на паркин место“ – истакна Протогеров.

Паркинг услугата може да се наплати со купување на билет од лицата вработени во паркинг службата или од најблиската трафика и со праќање на смс порака. Доколку не ви е наплатен паркингот следува блокатор, за чие отстранување се наплаќа 700 денари. Опасноста на вашето возило да биде поставен блокатор е ваша одговорност, без разлика дали возилото е со штипски регистерски таблички или со таблички од друг град. Непишано правило е дека повеќе блокатори се поставуваат на возилата од останатите општини, вели Протогеров. Можеби поголем е бројот на блокатори поставени на возила со други регистерски таблички, но тоа е заради незнаењето на граѓаните од другите градови за начинот за наплата на паркинг услуга. Неоправдано е и обвинувањето на граѓаните, вели Протогеров за поставувањето на блокаторите за 2 3 минути, додека да отидат до банка или да завршат некоја друга работа. Поставувањето на блокатор бара во најмала рака 15 до 20 минути организација и поставување, а толку е и времето колку што може да стои возилото со неплатена паркинг услуга. Во споредба со минатата година и покрај тоа што пресекот сеуште не е завршен, Протогеров претпоставува дека бројот на корисници на годишните билтени за паркинг услуга не е намален.

Лаура Стојанова М-Нет