
Намален долгот на јавното претпријатие Плачковица Карбинци во последните четири години. Од наследениот долг од 350 илјади евра во 20221 година, до сега вратени се половина најмногу по основ на електрична енергија. Како што истакна градоначалникот, Виктор Паунов, се работи на зголемување на ликвидноста на ппретпријатието.
„Имаме една навистина зголемена наплата, но и зголемена ликвидност на самото претпријатие. Она што го наследивме пред четири години беше 350 илјади евра долг, најмногу за електрична енергија. Во овој момент овој долг е намален на пола“ – вели Паунов.
Во меѓувреме се извршуваат сите тековни задачи кои ги има самото претпријатие, редовно се исплаќаат плати на вработените, со што ситуацијата се оценува како стабилна.
„Јавното претпријатие Плачковица ги обавува своите секојдневни обврски, функционира на едно нормално ниво, редовно се исплаќа плата. Така да ситуацијата е стабилна, но наредниот период треба да се раздолжиме кон сите оние кај кои во минатото се задолжило претпријатието.“, рече Паунов
Јавното претпирјатие „Плачковица“ редовно го собира сметот во сите населени места во Карбинци, со што се задоволуваат потребите на граѓаните.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет