
Со нова локација и нов концепт од догодина ќе се органзира штипската Пастрмалијада. Акцентот ќе се стави на угостителите и на можноста граѓаните и посетителите да може да ја пробаат штипската пастрмајлија. На таков начин ќе се промовира штипскиот специјалитет, вели градоначалникот Јорданов, а дополнително посетителите ќе може да уживаат во добра музика.
„Планираме еден поинаков концепт каде значење ќе дадеме пред се на угостителите за да навистина го презентираме на најдобар можен начин брендот пастрмајлија и да мотивираме што е можно поголем број на посетители кои ќе ги посетат угостителските објекти и кои ќе дојдат да ја пробат патрмајлијата, но и да понудиме добра забава. “- додава Јорданов.
Овогодинешната манифестација на стара локација помина задоволително дециден е Јорданов. Според него посетеноста беше масовна, а граѓаните задоволни.
„Заврши уште една Пастрмлијада, манифестација која помина во најдобар ред. Овој изминат викенд Штип го посетија доста граѓани од околните населени места и градови, но и од околните држави, имаше доста голема посетеност, на мое огромно задоволство и на задоволство на сите нас. Помина се во најдобар ред, имаше добра забава, доста изедени пастрмајлии“ – вели Јорданов.
Согаласно пресметките на организациониот одбор, посетеноста расте од година во година, а расте и бројот на изедени пастрмајлии.
И оваа година манифестацијата започна се соечење на џиноовската пастрмајлија, а втората вечер се одржа и натпреварот во брзо јадење. И двете вечери следуваше подготвена музичко забавна програма.
Лаура Стојанова М-Нет