Навршуваат 82 години од смртта на хероината Вера Циривири Трена, штипјани денес оддадоа почит

Со едноминутен молк и положување свежо цвеќе , денеска граѓаните на Штип, политички партии, делегации и боречки организации оддадоа почит пред спомен бистата на хероината Вера Циривир Трена. На денешен ден, пред точно 82 години, во текот на Втората светска војна, Вера беше убиена од страна на фашистичките окупатори. Сеќавањата за нејзе се уште болни за граѓаните.

,,Со самото пристигнување Вера се зафаќа со работа, за неколку дена успеала да се сретне со членовите на КПМ, кои не биле затварани. Веднаш почнала со организирање на општинскиот комитет во Штип со цел да обезбеди синхронизирано делување и активност во градот и селата. Неуморно работи на мобилизирање на младината. Жените и граѓаните во градот и селата зашириле народен отпор, на овој начин Вера со нејзините соборци и граѓани на Штип и околните места ја врати вербата во партијата, вербата во конечна победа и ослободување на фашистичкиот јарем”, рече Мицевски

Претседателот на Сојузот на борци – Штип, Петар Мицeвски раскажа и за трагичниот крај на Вера, смртно погодена од непријателскиот куршум, пред точно 82 години.

,,Во тие кобни рани, утрински часови на 15 јули 1944 во куќата на поп Јорданов, Вера Циривиди Трена на најде на колена од бугарската полиција и во обид да го прескокне ѕидот на соседната куќа на анариви смртно беше погодена од непријателскиот куршум“, раскажа Мицевски

,,Убијците не можеле да го сокријат своето задоволство кога откриле дека тоа е под дрво и под камен познатата барана револуционерка Вера Циривиди, заведена кај нив под псевдонимот Светла. При претресот кај загинатата нашле два револвера, една бомба и легитимација на име Елена Рачинова“, вели Мицевски

,,За сето она што го направи Вера, за Штип и пошироко за Македонија, ние нејзините следбеници имаме голема почит кон неа и кон сите синови на македонскиот народ кои паднаа за Македонија”, подвлече Мицевски

Инаку, настанот се одржа во дворот на ДГ Вера Циривир Трена, каде се наога и самата спомен биста, а истиот беше придружен и со мини приредба на дечињата од оваа градинка.

Иван Митев, М-Нет