Мородвишките „чинари“ бисери на селото Мородвис уште од турско време

Селото Мородвис се наоѓа на само 2.5км од седиштето на општината.

Низ селото тече реката Морошка и се наоѓа на падините на планината Плачковица. Како природно богатство и симбол на селото се дрвата наречени „моровидшки платани“ или попознати меѓу народот како „чинари“ . Тие се пристуни во Мородвис и Охрид. За м-Нет телевизија анкетираните жители од село Мородвис посочија дека даатираат уште многу одамна за време кога Турците биле населени на овие простори.

Министерство за животна средина и просторно планирање донесе решение со кое овие стебла ги прогласи за природна реткост. Со тоа тие се првите стебла репрогласени како реткост во Македонија согласно Законот за заштита на природата. Овие дрва претставуваат вистинска сензација за секое око, па така и посетеноста од другите градови не е изоставена

Денес, стеблата се уредно заштитени со околни потпорни ѕидови, низ селото е поставена и уредена патека на која се поставени повеќе различни едукативни табли преку кои се учи за стеблата, нивната старост и значење. Преку патеката исто така посетителите се запознаваат и со историјата и традицијата на селото. Вака уреденото подрачје, со сите свои атрибути дава пример за тоа како може и како треба да се управува со малите заштитени подрачја.

Лаура Стојанова, М-Нет