Младиот научник Даниел Христов од Штип заминува на студии на престижен универзитет во Лондон

Младиот штипјанец и научник Даниел Христов се збогува со својата натпреварувачка кариера и заминува на студии во Лондон, Велика Бртанија. Мотивиран и поттикнат од досегашните свои медали, награди и признанија, дури на светско ниво, тој одлучил образованието да го продолжи токму таму, за да црпе знаења од врвни научници и специјалисти. Со голема поддршка од МОН и од своите родители, тој во следните четири години ќе се усовршува токму во Лондон, со единствената мисија, да биде врвен научник.

,,Со моите натпреварувачки години веќе завршувам затоа што веќе не сум средношколец и здравје сега за некоја недела ќе започнам како студент и ќе бидам Бруцош. Последниот медал кој што го освоив од македонската олимпијада претставува поттик и еден убав начин да се заокружат досегашните неколку години натпреварувања, како на државно, така и на светски рамки. Конкретно ќе продолжам во Лондон Велика Британија. Таму продолжувам да се занимавам со тоа што ме интересира односно хемијата. Смерот ми се вика хемија со години во индустријата. Конкретно на мојот факултет јас како што знам сум единствениот. Таму кога ќе отидам, нема да познавам никој, но се надевам дека нема да имам проблем со социјализацијата и дека во скоро време ќе успеам да се вклопам со студентскиот живот

Првите почетоци со натпреварите на Христов почнуваат дури од четврто одделение, па се до четврта година средно образование. Почнувајки да се натпреварува по предметото математика, природни науки, физика, па накрај и хемија, тој своето знаење успеал да го докаже и на светско ниво.

,,Во мојата натпреварувачка кариера имам освоено многу награди и признанија, затоа што јас се натпреварувам од четврто одделение и на почетокот моите натпреварувања беа на математика, потоа како растев се натпреварувам и на придни науки, потоа продолжив и на физика, хемија, биологија, но на крајот со почетокот на моето средно образование одлучив повеќе да се посветам на хемиајта. Исто така имам одено на натпревар и по германски. На светско ниво имам освоено повеќе бронзени медали. Првиот бронзен го освоив во прва година, а моето најново постигнување на светско ниво беше сега во четврта година, каде што освоив бронзен медал на меѓународната менделеева олимпијада по хемија. Сега го освоив златниот медал што го освоив на македонската хемиска олимпијада. Имам освоено и бронзен медал и лани на македонсакта хемиска олимпијада.“, кажа Христов

Инаку, хемијата за Христов отсекогаш била фасцинантна, пред сè поради можноста од една супстанција да се создаде друга преку хемиска реакција. Како што вели, токму лабораториската работа ја прави хемијата интересна, бидејќи секојдневно носи нови предизвици и различни откритија. За него, хемијата е моќна алатка со која може да се менува и моделира светот.

Иван Митев, М-Нет