
Странците пополека се враќаат во Македонија, тврди премиерот Христијан Мицкоски, кој вели дека дел од нив остваруваат контакт со него и со институциите во Влада за да отворат свои бизниси и да го продолжат животот во својата татковина. Ова е охрабрувачки тренд вели тој, бидејќи како што рече ќе се зголеми бројот на вработени и бизниси, наместо надвор од државата. Истакна дека и во странство не е добра состојбата, бидејќи и таму има проблеми.
“Охрабрува трендот што голем број од македонските граѓани последните 10 години, поради состојбата која беше во државата, одлучија да заминат, пополека се враќаат. Голем дел од луѓето кои што тогаш заминаа еве остваруваат контакти со мене или со голем дел институции во Влада, одлучуваат да се вратат и повторно тука да го продолжат својот живот, што е исто така охрабручки тренд, тоа значи дека ќе се зголеми бројот на вработени, ќе се зголемува бројот на луѓе кои што ќе отпочнат свои бизниси или ќе најдат начин како да работат тука дома, наместо надвор, бидејќи гледате и таму состојбата каква е со многу проблеми. Јас сум уверен дека тој тренд ќе продолжи, овој парамтер е добар и охрабрувачки.“, истакна Мицкоски
Само оваа година, споредбено со минатата има 7000 повеќе вработени потенцираше премиерот Мицкоски. Со ова како што рече се зголемува борјот на вработени, а намалува бројот на невработени.
,,Третиот квартал оваа година, споредено со третиот квартал минатата година има 7000 повеќе вработени на сметка на 7000 помалку невработени. Ако во третиот квартал минатата година имало околу 698 000 вработени, сега има 705 000. Бројот на вработени, невработени пропорционално се зголемува односно намалува “, рече Мицкоски
Според неговата изјава денеска, целта е да се вратат што повеќе македонски граѓани од странство и Македонија да чекори кон вистински правец.
Иван Митев, М-Нет