
Премиерот, Христијан Мицкоски бара раст на платите, а какошто вели граѓаните и работниците заслужуваат раст на платите. Тој денеска во својата изјава го истакна својот став дека за одлуката за минималната плата очекува работодавачите и работниците да постигнат договор.
,,И секој оној договор, којшто тие ќе го постигнат, ние како Влада ќе го поддржиме. Предлогот, којшто го слушнав од еден од претставниците на работниците, конкретно претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија се разликува од оној предлог од пред неколку месеци, кога оваа Влада беше избрана како Влада не почекаа ниту една недела да биде избрана излегоа со предлогот 400 евра минимална плата. Сега кога видоа дека законски ќе дојдеме до 400 евра се бара минимална плата од 500 евра. Еве јас велам ни 500 евра не се доволни, можеби треба 1.000, можеби треба 2.000 и тука немам никаква дилема. Јас апсолутно сум работник, како и сите други работници и сакам сите ние да имаме поголеми плати.”, изјави Мицкоски.
Mицкоски вели дека Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд инсистираа на зголемување на старосната граница за пензионирање, но тие како Влада одлучиле да ги заштитат правата на работници.
,,Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка бараа зголемување на прагот на Данокот на додена вредност. Ние одлучивме да го штитиме стандардот на граѓаните и да застанеме во одбрана на стандардот на граѓаните. Влеговме во безмилосна борба со оние коишто се богатат на грбот на граѓаните, трговците, дистрибутерите, трговските ланци, каде што ги ограничивме маржите и на дистрибутивната маржа и на маржата во малопродажба.”, рече Мицкоски.
Премиерот Мицкоски истакна и дека обебзедиле 250 милиони евра за стопанството, во Европа најевтин кредит со каматна стапка од 1,95%, за да бидат зачувани работните места и да се создадат и да се креираат нови работни места. Прашан дали од април ќе биде минималната плата од 400 евра, Мицкоски со потврден одговор дека согласно законот, ако нема поинаков договор помеѓу работниците и работодавачите таа ќе изнесува околу 24.400 денари.
Иван Митев, М-Нет