Миовски: За понудата од Ренџерс воопшто не се двоумев, дебито против Селтик беше одлична атмосфера

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го засили тимот на Ренџерс, тој се враќа во средина каде имаше големи резултати со Абердин во шампионатот на Шкотска. Миовски помина една сезона во Џирона, од каде се пресели во Ренџерс.

Штипјанецот вели дека не се двоумел за понудата од Ренџерс, а вели дека дебито против Селтик било во една одлична атмосфера.

Миовски вели дека во Џирона не било се сјајно, вели дека имале лоша сезона колективно, но и индивидуално, а притоа додава дека бил во погрешно време во Џирона.

„Кога дојде понудата од Ренџерс не се двоумев, тренерот ми даде дополнителна поддршка и среќен сум поради тоа. Дебитирав против Селтик, прв пат почувствував таква атмосфера, знаеме какво е ривалството меѓу двете екипи. Во Џирона не беше се сјајно, имавме лоша сезона, колективно и индивидуално. Едноставно бев во погрешно време таму и морав да донесам одлука за мојата иднина. Се вратив во шкотската лига кадешто претходно настапував во Абердин, но сега во многу поголем историски клуб“, вели Бојан Миовски.

Миовски ја замени Џирона со Ренџерс и се надевам на враќање на формата која ја имаше кога настапуваше за Абердин.

Александар Ванев, М-Нет