Марјан Секуловски: Шампионски во пролетниот дел и со верба кон младите таленти

Есенскиот шампион во Втората македонска фудбалска лига – Исток,штипска Брегалница од утре, сабота ќе ги започне подготовките за пролетниот дел. Во денешниот телефонски разговор шефот на стручниот штаб на Брегалница Марјан Секуловски ни изјави:

  • „ Првата прозиввка за играчите на Брегалница ќе ја извршиме во сабота 9 јануари, точно напладне на градскиот стадион во Штип. На првиот собир очекувам присуство на 25 играчи а новина ќе биде тоа што на првиот тим ќе бидат приклучени и неколку младинци кои се одлична перспектива за фудбалскиот погон на Брегалница. Спојот на младоста и поискусните играчи очекувам да даде резултат и за овие млади таленти наскоро ќе слушне македонската фудбалска јавност. Подготовките во Штип ќе се одвиваат до 3 февруари, потоа се заминува на 10 дневни подготовки во Дојран за повторно се продолжи во Штип. Веќе се договорени 6 пријателски контролни средби и тоа:
  • Брегалница – Кит Го Пехчево – 23 јануари
  • Брегалница – Осогово – 30 јануари
  • Брегалница – Борец – 3 февруари
  • Брегалнивца – Беласица – 6 февруари
  • Брегалница – Кожув – 13 февруари
  • Генералка : Брегалница – Скопје – 20 февруари

Во план ни е одигрување и на седми контролен натпревар , но сеуште не сме договорени кој ќе ни биде противник„ – ни изјави шефот на стручниот штаб на штипска Брегалница, Марјан Секуловски.

Колку за потсетување пролетниот дел во Втората Македонска фудбалска лига ќе започне на 27 февруари а во првото коло во Штип ќе се сретнат Брегалница – Победа (Прилеп).

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk