
Организаторите на „Маршот на ангелите“ ја известија јавноста дека оваа сабота нема да се одржи традиционалниот марш, поради големиот христијански празник Велигден.
Во соопштението се наведува дека денот ќе биде посветен на молитва, тишина и сеќавање на најмилите – „ангелите“ кои засекогаш остануваат во срцата и мислите на нивните најблиски. Наместо марш, граѓаните се повикуваат на достоинствено одбележување на празникот, исполнето со мир, љубов и духовна смиреност.
„Маршот на ангелите“ ќе продолжи следната сабота, на 18 април, кога учесниците повторно ќе се соберат и ќе чекорат во чест и спомен на своите најблиски.
Организаторите изразија благодарност за разбирањето и поддршката, посакувајќи празничните денови да донесат мир, сила и благослов во секој дом.