Малолетните питачи се проблем на улиците во Штип, револтирани граѓани очевидци на кражби

Млади лица испотени лето или премрзнати зимо, најчесто малолетни, секојдневно питачат низ улиците на Штип. Наместо во училиште, тие се пред маркетите со пружење рака и кутија за пари бараат некој да се смилува и да им помогне. И покрај социјалната помош, сепак дел од ваквите лица знаат да бидат и мета од страна на полицијата, кога станува збор за ограбувањето, каде многу често дел од нив просејки пред маркетите ги ограбуваат купувачите, кои ги оставаат испазарените продукти на рафтовите во продавниците.

“Може да ја ограбат, а тие што си ја вршат работата треба да проверат, кој што и како, некој зимаат и пак просат. Да, да и по становите одат , тражат пари и кој е во можност им даваат, ама тоа е тоа.“, велат граѓаните. Не треба да им дозволуваат да седат пред продавниците и прават што сакаат и некој што си ги ставаат работите во сандачињата, за да не влегуваат со ствари, а тие веднаш догледуваат и од таму веднаш крадат. И од таму на една жена и ја украдоа чантата, а за напаѓање може, зошто да не“, велат граѓаните

Дел од граѓаните пред камерите на М-нет телевизија истакнаа дека позади ваквите малолетници стојат лица кои ги користат за преку нив да добијат средства, а на питачите даваат само храна колку да го поминат денот.

“Позади нив има луге што ги искористуваат децата, а тие се претежно од страна, не се од Штип бидејќи јас ги имам прашувано, велат ние сме од Охрид, а се во пазарот. Треба да се одстранат, бидејќи просат“, истакнаа граѓаните

“Не, не е во ред, зошто да седат кај продавниците, нека зедат да работат, не работат, а ги оставаат децата да просат, тоа не бидува така. Сигурно стои некој зад нив, неможат сами да се тие, сам кој е бил никој. Не треба ниту 10 денари да им се дава, не треба.“, додаваат граѓаните

Во согласност со ваквата ситуација надлежните постојано контролираат и си ја вршат должноста, а она што останува како факт е вниманието од страна на граѓаните за да не се дојде до несакани последици кога станува збор за кражбите или друг вид на неред.

Лаура Стојанова, М-Нет