
Малкумина во странство, повеќе на едносмерна, најмногу дома ќе бидат граѓаните на Штип за дочекот на новата година. Иако, јануари се очекуваат повеќе финансиски трошоци, сепак некои избираат да уживаат и да се опуштат надвор од границите. Оние што се двоумат, новогдишната ноќ ќе ја поминат во добро расположение на шеталиштето Ванчо Прќе, а тие што ќе останат дома, тоа го прават токму поради трошоците. За нив, новогодишната ноќ ќе помине во мирна и домашна атмосфера.
На трпезата за Нова Година граѓаните велат ќе има од се по нешто. Ќе се сукаат баници, ќе се пече месо, кифли и многу домашни рецепти.
Инаку интерес за патување надвор од државата, особено е забележан кај намладите, велат од туристичките агенции. И оваа година познатите дестинации Будва, Виена и Прага се опција за многумина од нив.
Иван Митев, М-Нет