
На најновата ФИФА ранг листа македонската фудбалска репрезентација направи скок од три места и сега е на 69. место.
Ваквиот скок од три места е по победите над Летонија и Ерменија во Лигата на нации. Македонија на овие натпревари имаше две високи гостински победи над 0:3 против Летонија и 0:2 над Ерменија.
Од регионот Албанија е пред нас односно е на 65. место со скок од две места, Грција е на 42. место со шест места, Србија има исто така скок од две места за 33. место, Хрватска останува на 12. место и е најдобро рагирана репрезентација од регионот.
За Македонија се репрезентациите на Бугарија која е на 84. место со пад од три места, Босна и Херцеговина која е 74. место, Црна Гора е на 75. место, Косово е на 101. место со скок од три места.
Пред Македонија се два натпревари во Лигата на нации против Летонија и Фарски Острови, двата натпревари нашата репрезентација ги игра на домашен терен со што би требало само да биде потврдено првото место во групата.
Александар Ванев, М-Нет