
Маж починал на работно место во штиспка компанија. Според информации од СВР Штип, пријавата кај нив пристгнала во 12:13 минути од страна на Итната медицинска помош Штип. Полициски службеници од полициската станица Штип биле на местото на настанот, каде е разговарано со лекарот кој утврдил смрт. Додаваат дека станува збор за 51 годишен маж, кој не покажувал знаци на живот, а истовремено немало траги на насилство.
Од друга страна граѓани реагираат до нашата редакција дека и покрај тоа што имало починат работник, сепак тие останале на своето работно место.