Кошаркарите на Соколи од Штип ќе водат пролетна борба за влез во Првата лига, конкуренти повеќе екипи!

Зад кошаркарите на Соколи од Штип е успешена есенска полусезона во Втората лига, откако заврши на делба на првото место заедно со екипата на Ангели со по 20 освоени бодови.

Штипскиот клуб во пролетната полусезона во Втората лига ќе се борат за влез во Првата кошаркарска лига, а како конкуренти ќе имаат повеќе екипи, тоа се Ангели, Маџари, Борец Баскет и Црн Дрим, ќе бидат најсериозните кандидат за пласман во кошаркарската елига на Македонија.

Соколи и Ангели имаат ист скор девет победи и два порази, а со по имаат по 20 бодови за делба на првото место, а пак екипите на Маџари, Борец Баскет и Црн Дрим имаат по 19 бодови, со скор од осум победи и три порази.

Пролетната борба ќе биде доста израмнета, сите екипи имаат отворени амбиции и сакаат да обезбедат промоција во Првата лига односно борбата ќе биде за првите две места на второлигашката табела.

Штипјани неколку сезони се во врвот од Втората кошаркарска лига, а ова сезона имаат големи шанси за обезбедување на прволигашки статут.

Александар Ванев, М-Нет