
На големиот православен празник Петровден, утре (12 јули), во Кочани ќе биде осветен новопоставениот крст на кружниот тек кај хотел „Национал“, кој ќе претставува нов духовен белег на влезот во градот.
Свеченоста ќе започне по завршувањето на Светата архиерејска литургија во храмот „Свети великомаченик Георгиј“, со почеток во 8 часот. Со богослужбата ќе чиноначалствува митрополитот Брегалнички г. Иларион.
По литургијата, околу 10 часот, ќе се изврши чинот на осветување на крстот, на кој се очекува присуство на верници и граѓани.