Костовски од Штип главен судија во на мечот Вардар Неготино и Кожуф, Арсов ќе го суди дербито од дното на Вардарски и Борец

Утре на програмата ќе бидат натпревари од 20. коло во Втората македонска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе бидат задолжение да ја делат правдата на истите.

Штипјанецот Здравко Костовски ќе биде главен судија мечот меѓу Вардар Неготино и Кожуф, Спире Арсов ќе ја дели правдата на дербито од дното меѓу Вардарски и Борец, кој се игра во Богданци, меч кој ќе може да го следите на М Нет.

Кирил Смоквоски ќе биде задолжен за правдата на мечот меѓу Новаци и Арсими, Ндерим Тефику ќе им суди на поранешните прволигаши Победа и Беласица кој ќе играат во Прилеп, а пак Марјан Дејаноски ќе им суди на Башкими и Охрид.

Во Македонска Каменица ќе се соочат Каменица Саса и Македонија ЃП, меч кој ќе може да го следите на спортскиот канал М Нет Спорт, а за правдата ќе биде задолжен Пларент Салихи.

Нинослав нанков ќе биде задолжен да ја дели правдата на натпреварот меѓу Скопје и Детонит Плачковица, а пак Доне Ристовски ќе биде задолжен за правдата на мечот меѓу Осогово и Брегалница, кој се игра во Кочани.

Сите натпревари од 20. коло на Втората лига ќе започнат во 14 часот.

Александар Ванев, М-Нет