
Пред студентите на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ претставен Конкусот за најдобар млад преведувач „Вавилон“. Целта на Конкурсот е младите да се поттикнат да бидат во улога на преведувачи, а потоа и да работат врз книжевни преводи.
„Интересното за конкурсот е тоа што предвидува да се оценуваат преводи кои доаѓаат од сите официјални јазици на ЕУ на сите јазици коишто се зборуваат во нашата земја. За секои од тие преводи има посебна награда“, истакна
Од минатата година воведена е и позицијата амбасадор на наградата, кој на денешниот настан го сподели своето искуство со студентите.“
„Позицијата амбасадор на наградата „Вавилон“ за мене е исклучително важна позиција, затоа што практично ја поддржувам наградата. Една од суштинските работи на секоја култура е дијалогот со другите култури, а начинот со којшто се остварува дијалогот е преку преводот. Ни една култура не може да биде доволна сама за себе, туку единствено може да се надградува преку дијалогот и комуникацијата со другите култури. Преводот е една од најблагородните активности што постои во секоја култура, истакна Владимир Јанковски, Амбасадор на наградата „Вавилон“.
Универзитетот „Гоце Делчев“ со задоволство ја продолжува соработката со Здружението за преведувачи и толкувачи и се надеваат дека на овогодинешното издание на Конкурсот наградата ќе ја добие нивен студент, што досега се случило во два наврати.

„Нашата соработка со Здружението е, навистина, долга и плодоносна. Можам да кажам дека нашиот Универзитет се гордее со тоа што нашите студенти неколкупати ја имаат освоена оваа награда, една студентка од Катедрата за италијанистика и една студентка од Катедрата за германистика“
Ова е десетта јубилејна година на Конкурсот, на кој досега имало преводи од низа јазици, најчесто германски, англиски, италијански и француски. Преводите биле на македонски, албански и турски, а досега немало интерес од другите заедници во земјава. Конкурсот е отворен до 23 април 2023 година и сите услови се објавени на официјалната веб-страница.
Ребека Спасова М-Нет