Комеморација во СОУ „Гошо Викентиев“ Кочани за починатите од трагедијата во дискотеката

Комеморација се одржа утрово во СОУ „Гошо Викетиев“ во Кочани во чест на починатите од трагедијата во дискотеката. Двајца ученици трагично загинаа, па за нив, но и за останатите починати се палеа свеќи, а средношколците и професорите се потпишаа и во книгата на жалост. Тешки солзи кои кажуваа повеќе од илјадници зборови, се загубија млади животи, згаснаа соништа, заминаа во вечноста деца полни со надеж и желба за живот.

„Загубивме млади животи, наши ученици, другари, роднини, соседи кои прерано ни се одземени. Денес сме собрани да им оддадеме почит на оние кои не се повеќе физички присутни со нас, но сепак заскогаш ќе останат со нас. Ако некој ни каже дека не се со нас тоа е голема невистина. Ноќе кога ќе погледнеме кон небото, секоја ѕвезда што свети ја носи нивната насмевка. Секој ѕвезден трепет ни кажува здраво, не грижете се, јас бев долу на земјата само да ви се насмевнам, да ме паметите, оти јас ќе бидам со вас“ – се кажа на комеморацијата.

Комеморацијата се одржа во училишниот двор во СОУ „Гошо Викентив“ во Кочани.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет