Кожуф ги започна подготовките, нов тренер е Славчо Георгиевски – Тупан, Дуков ново засилување!

ФОТО: ФК Кожуф

Второлигашот Кожуф од Гевгелија ги започна подготовките за пролетниот дел, но клубот ќе има нов кормилар, откако за шеф на стручниот штаб беше назначен Славчо Георгиевски – Тупан.

Новиот тренер денес на Градскиот стадион во Гевгелија го собра тимот и означи старт на зимските подготовки. Ново големо засилување во тимот е Сашо Дуков, искусниот фудбалер доаѓа од редовите на Охрид.

ФОТО: ФК Кожуф

Есенскиот дел Кожуф го заврши на делба на осмото место со Скопје со по 22 освоени бодови, а во пролетниот дел шанса ќе добијат и играчите од сопствениот погон.

Кожуф ќе одигра и неколку пријателски натпревари преку кои ќе ја темпира формата, а пролетниот дел Кожуф го отвара против Каменица Саса на гостински терен.

Александар Ванев, М-Нет