
Кафе и цигара – утринска рутина или тих убиец?
Шолја кафе во една рака, цигара во другата – класична слика од македонското утро. Но, колку чини ова задоволство за нашето здравје? Кафе и цигара – опасен пар кој секое утро го шокиpa телото. Навика што многумина ја негуваат со години, без да се прашаат што навистина се случува внатре во нив. Кофеинот и никотинот заедно не даваат енергија – напротив, го заморуваат срцето, ја дехидрираат крвта, ги шират, а потоа нагло ги стегаат крвните садови
,,Постои та рутина, значи кога ќе седнеме на кафе, да запалиме цигара. Пушачите имаат навика, да пушат и да пијат кафе. Знаеме дека не е здраво сообено пушење. Не би го промовирала како здрава и добра навика. Кафето да во умерени количини до две шолји на ден. Тоа е максимум потребен за нашиот организам. Навиката да се напијам кафе за да ми се качи притисокот, е често користена, бидејќи лугето имаат малаксаност во текот на овие топли месеци. Кафето е голем диуретик, со тоа влегуваме во тоа да се рашират крвните садови, да добиеме на расположение, мегутоа после неколку часа доага до пад на крвнито притисок.“, рече Митрова
На секое консумирано кафе, треба да внесувам до две чаши вода, потенцира д-р Митрова. A употребата на цигарите никако не ги препорачува
Зависноста од утринската комбинација кафе-цигара е повеќе од психолошка. Истражувањата укажуваат на значително поврзана потрошувачка – секој кој пуши пие повеќе кафе, а оваа навика со години се поврзува со зголемен ризик за срцеви заболувања, високи липиди во крвта и нарушен метаболизам.
Иван Митев, М-Нет