
Корнишоните, карфиолот и пиперките беа во центарот на вниманието денеска на градскиот пазар во Штип. Период на зимници и туршии, па како што велат продавачите ова се производи кои најмногу се бараат. Цените се исти како лани, производството зголемено, квалитетот многу подобар – децидни се произведувачите. Иако е уште топло времето производите се бараат.
„Најмногу ајвар се прави, лутица, френки, салата. Има производство ама послабо, не е како од годините што имаше, послаб квалитет, помалку купувачи. Џинките – 60 денари, карфиол мислам дека оваа година ќе има малку повеќе. Има многу убав квалитет, а цената не знам каква ќе биде.“ – велат продавачите.

За купувачите и денеска скапо, ама како што велат мора да се јаде и да се направи зимница па затоа мора и да пазаруваат.
Денешниот пазар беше раздвижен уште одутринава, побарувачката задоволителна, а освен производите зазимница се бараше и сезонското овошје.
Лаура Стојанова М-Нет