
Овој викенд ќе бидат одиграни натпреварите од 4. коло на Првата женска фудбалска лига, а во рамки на истото во Македонска Каменица ќе се соочат фаворитот Каменица Саса и дебитантот Вардар.
За екипата на Вардар овој меч ќе биде и тест со новите засилувања дали и колку ќе може да парираат на „рударките“, а кои пак немаат веќе право на грешка во трката за титулата.
Кочани на домашен терен ќе има тежок меч против Ас Јунајтед, стружанките ќе допатуваат во улога на фаворити за овој меч, а домашниот тим ќе бара прв позитивен резултат како повратник во елитата.
Во Струмица ќе има дерби на Тиверија Брера и Истатов, во меч каде трите бодови ќе им се потребни и на двете екипи. Очекуваме неизвесен и борбен меч за трите бодови.
Во Битола екипата на Топ Гол ќе игра против Љуботен во натпревар каде шампионот од Тетово ќе допатува како апсолутен фаворит да ги собере трите бодови на патот кон одбрана на титулата.
Скопје кој е перфектен на стартот од новата сезона дома ќе игра против Речица, во меч каде домашниот тим ќе биде фаворит, а Пржино важи за тешко освоива тврдина.
Александар Ванев, М-Нет