
Каменица Саса го доби дербито во Струмица и стави крај на серијата од два порази во низа, откако „рударките“ со минимални 0:1 ја добија Тиверија Брера, а стрелец на единствениот победнички гол беше Христина Јовановска, која погоди во 34. минута од средбата.
Со овој триумф од 11. коло на Првата женска фудбалска лига Камениац Саса останува на петтото место, но сега со 19 бодови и чекор поблиску топ три зоната.
Ас Јунајтед врза втора победа во низа и изби на шестото место, откако го доби Вардар со 1:2 во Скопје и практично, стружанки ги поминаа „црвено-црните“ на првенствата табела.
Пелистер без проблеми стигна до убедлива победа над Речица во гости во меч каде битолчанки броеја до шест гола за конечни 0:6.
Рундата се затвара утре со две средби. Во Тетово се игра дербито меѓу лидерот Љуботен и шампионот Скопје кој е втор, а меѓу нив бодовната разлика е само еден бод. Истатов на домашен терен ќе атакува на четвртата сезонска победа против „фенерџијата“ Кочани, кој пак се надева на прва радост.
Александар Ванев, М-Нет