Каков ќе биде изгледот на кошаркарката Супер лига за следната сезона?

ФОТО: КФМ

Кошаркарската Супер лига следната сезона ќе брои десет наместо 12 екипи, односно македонската кошаркарска елита е намалена за две екипи, а со цел да се добие на квалитет и поголема конкуренција.

Поради кратењето на лигата три екипи испаднаа од елитата, односно Ангели, Гостивар и Феникс, а во следната сезона остануваат шампионот МЗТ Скопје, ТФТ Скопје, Пелистер, Маџари, Кожув, Тиквеш, МКК Куманово, Чаир и Работнички, а нов член на Супер лигата е Струмица.

По пауза од неколку години елитна кошарка одново ќе се следи во Струмица, па со тоа во новата сезона 2026/2027 кошаркарската карта на Македонија ќе биде со поинакви граници откако екипата на Струмица обезбеди промоција во највисок ранг на натпреварување.

По градови суперлигашка кошарка во новата сезона ќе се гледа во Скопје, Битола, Гевгелија, Кавадарци, Куманово и Струмица.

Александар Ванев, М-Нет