
И по четири месеци од трагедијата во кочанската дискотека Пулс, се уште присутна болката, тагата и шокот. И додека времето тече, граѓаните во Штип и ширум Македонија сè уште не можат да ги заборават страдањата кои се случија на 16 март. Мнозина зборуваат за тоа како трагедијата ги променила нивните погледи на животот, но и за тоа колку тешко е да се продолжи со секојдневието, кога сеќавањето на загинатите и повредените е секогаш присутно. Анкетираните истакнуваат дека болката од трагедијата не исчезнува и дека шокот од слученото и понатаму ја обзема заедницата.
Граѓаните остануваат децидни дека за овој случај правдата мора да се истера до крај. Бараат сите виновници да одговараат.
Инаку, трагедијата во дискотетка Пулс во Кочани се случи на 16 март, а истата зеде 62 животи, од кои петмина беа од Штип, а повредени имаше над 200 лица. Во моментот повредените сe на понатамошно лекување.
Иван Митев, М-Нет