И денес продолжи судењето во Штип за родителот кој нападна фудбалери на ФК Брегалница

Во основниот суд во Штип денес продолжи судењето за родителот кој нападна двајца фудбалерина ФК Брегалница на фудбалски натпревар меѓу Брегалница и Шкупи од првото коло на помладата пионерска суперлига на Македонија на стадионот Бело Брдо во Штип.

На денешното рочиште беа сослушани неколку сведоци од страна на обвинетиот, а следното рочиште е закажано за 10 октомври.

На претходното рочиште кое се одржа на 29 септемри беа исто така сослушани сведоци, а искас дадоа и двајцата оштетени фудбалери од ФК Брегалница.

Инаку првото рочиште се одржа на 18 септември кое беше одложено бидејќи обвинетиот побара преведувач на албански јазик, а откако истиот беше обезбеден на 29 септември продолжи судењето.

На натпреварот кој се одигра на 24 август, меѓу екипите на Брегалница и Шкупи од 1. коло на помладата пионерска суперлига на Македонија, родител на фудбалер од ФК Шкупи нападна двајца фудбалери на домашната ФК Брегалница.

Фудбалерите на штипскиот клуб се здобија со повреди констатирани во Кличничката болница во Штип, а овој натпревар заврши со победа за Брегалница со резултат од 2:1.

Александар Ванев, М-Нет