
Штип утринава се разбуди под снежна покривка, за првпат оваа зима. Но, снегот за брзо време беше исчистен од улиците и тротоарите, булеварите и коловозите, како во централното градско подрачаје, така и во останатите населени места. Приоритет на службите од ЈП Стипион беа влезовите кон КБ Штип, како и влезовите во градот.
„Зимската служба на ЈП Стипион од раните утрински часови активно работи на расчистување на улиците. Во прв момент се расчистени улиците со прв приоритет, сите пристапи до КБ Штип, сите влезови и булевари во градот, улиците во централното подрачје. Во втор момент се расчистуваат и улиците во сите населби.“ – вели Стефановски.
Навремената интервенција придонесе за проодни патишта во целиот град. Како што посочи директорот Стефановски, има доволно сол и абразивен материјал за да се делува во зимски услови. Се дејствуваше со сопствена механизација.
„Врнежите од снег не беа обилни, но поради ниските температури за брзо време имаше покривка по коловозите. Но, со навремена интервенција успешно се справивме со првите врнежи од снег“ – додава Стефановски.
Првите врнежи од снег не создадоа проблем во Источниот дел на државата со оглед на фактот дека сите патиштата се проодни.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет