
Чешми и фонтани во време на високи температури се приоритет за граѓаните на речиси сите градови од истокот. Кочанчани се со став дека во градот нив ги има, но не доволно, па се со апел до надлежните за изградба на што повеќе чешми и фонтани. Велат дека се неопходни во овој период и се вистинска потреба на граѓаните.
Од КЈП „Водовод“ велат дека во пресрет на оваа потреба на граѓаните може да се излезе само доколку постои проект од Општината. Директорот Иван Иванов вели дека чешми и фонтани може да се постават, но истото треба да го наложи Општината. За ова го прашавме и првиот човек на Општината, градоначалникот Љупчо Папазов, од кого до овој момент не добивме одговор.
Ребека Спасова М-Нет