
Да се продолжи традицијата од постарите, со ова мото Ана од Штип започнува да изработува мартинки. Вели – некогаш тоа го правела нејзината баба, сега таа продолжува со истото. Од бел и црвен конец, изработува мартинки декорирајќи ги со разни апликации, иницијали или цели имиња. Не одзема многу време и напор, потребна е само желба и љубов кон она што се работи.
„Начинот на изработка на мартинки е многу лесен и едноставен така што се зема црвена и бела волница и во зависност од тоа кој каква сака, може да се стави бисерче, смајли или имиња. Начинот е лесен, не бара многу внимание и се доста барани“ – вели Ана.
Мартинката симболизира здравје, среќа, берикет – додава Ана. Се носат само во месец март со тенденција да се стават на првиот мартовски ден. Пред камерите на М-Нет Tелевизија Митева раскажува до кога треба мартинката да стои на вашата рака и што со неа понатаму.
“Мартинката пред сѐ симболизира здравје, среќа, берижет, љубов. Најчесто се носат на први март и кога ќе се види првата птица, првиот штрк се става на рсцветано дрво или под камен и се замислува желба“
Мартинките се тренд кај децата и помладите, но тоа не го исклучува фактот дека истите ги носат и повозрасните, без разлика дали станува збор за машко или женско лице. Цената е симболична и се движи од 40 до 100 денари, но профит има, додава за М-Нет Митева.
За Митева изработката на мартинки преставува начин за потполнување на слободното време. Вели – праксата покажа дека за изработка на една мартинка потребни се само 10 минути.
Лаура Стојанова М-Нет