
Во Уметничката галерија Безистен во Штип изложени склуптури од уметникот Слободан Милошевски. Како што вели Милошевски, станува збор за геометриска апстракција која варира од објект до објект, а кои живеат во еден заеднички систем на вредности. Правејќи ги изложбите, склуптурите полека се развиват и се надополнува системот на вредности.
Според професорот Милошевски, досегашната пракса покажува дека студентите покажуваат интерес да се изразат преку склуптурата, иако таа се смета за комплицирана и една од потешките техники.
Милошевски се смета за еден од подобрите македонски склуптори од поновата генерација. Користи едноставни геометриски форми и индустриско-импровизирани материјали за создавање дела од различни размери. Според Милошевски, склуптурите се повеќедимензионално меѓусебно поврзани и заеднички се помагаат и надополнуваат во својата примарна намера.
Ребека Спасова М-Нет