
Нови испеани рефрени, македонски песни, прекрасна енергија и извонредни настапи можеа да се забележат на втората макфестовска вечер во Штип. Младата пејачка Марија Спасовска, пред камерите на М-Нет ТВ ги сподели инпресиите за Макфест, истакнувајќи дека пеењето пред публиката е она што најмногу ја радува. Макфест, како што вели Спасовска, е место каде што се раѓаат нови креативни идеи, се создаваат пријателства и се поврзуваат уметниците.
,,Макфест секогаш ми буди најубаво чувство, затоа што тоа е буквално место кадешто можам да имам контакт со публиката во живо и можам да пејам во живо и тоа е нешто што најмногу ме радува. Многу обожавам да си ги изведувам делата пред публиката, посебно премиерно така што Макфест нѐ спојува сите заедно, сите уметници и секогаш се будат некои нови креативни идеи, некои нови познанства, има препозитивни аспекти овој фестивал и затоа обожавам да доаѓам тука и да настапувам. Буквално така како што го замислував така испадна и тоа значи дека само со многу работа можеме да го исполниме тоа што го посакувам“, призна Спасовска
И пејачот Огнен Здравковски по враќањето на макфестовска сцена по цели четири години се надева на добар пласман со неговата песна ,,Осудени“. За него, како што вели тој, е чест што е дел од фестивалот.
,,Се чувствувам одлично, подготвен како и секогаш, импресиите се големи, не сум настапувал можеби сигурно едно четири години на Макфест е еве сум повторно назад на сцена. Се надевам на убава дружба пред сѐ, на убав пласман, и на убава енергија меѓу нас колегите, бидејќи тоа ме исполнува кога ќе видам ваква сцената голема со наша македонска естрада, тоа ме радува најмногу. Чест и привилегија е што сум дел од сценава и се надевам на убав пласман. Не ми се битни наградите, туку да се слушани песните и да имаме успех сите колеги, тоа е најбитно“, раскажа Здравковски
На Макфест настапуваа и петнаесет дебитанти, меѓукои и младата пејачка Тамара Грујеска, која изјави дека отсекогаш сакала да биде од овој фестивал и се замислувава на оваа сцена.
,,Преубаво е чувството, бидејќи за првпат настапувам оваа година на Макфест и отсекогаш сум сакала да настапувам на оваа сцена и еве дојде тој ден и еве среќна сум бидејќи денеска настапувам и имам можност да го доживеам ова искуство и да ги запознаам сите овие убави артисти и да се дружам“, сподели Грујеска
На 41. издание на „Макфест“ премиерно беа изведени бројни нови македонски песни, за кои се очекува да го најдат патот до публиката и да станат дел од музичкото секојдневие.
Ева Тушевска, М-Нет