Златни, сребрени и бронзен медал за БК Балканец на Меѓународен турнир во Косово

Две први, три втори и едно трето место за борачите на БК Балканец на Меѓународниот турнир во Качаник, во Косово. Со златниот медал се закитија Бојана Ковачова во категоријата 49 килограми и Марија Цветанова во категоријата 57 килограми. Сребрениот медал им припадна на Лука Ананиев во категоријата 42 килограми, Викторија Ѓурова во категоријата 53 килограми и Мелани Митевска во категоријата 61 килограм. Бронзата беше доделена на Дарио Ѓуров во категоријата 31 килограм.

По Меѓународниот турнир борачите од Македонија и Косово беа дел од седумдневен камп.

Ова е уште еден меѓународен успех на борачите од БК Балканец во рок од само неколку дена, бидејќи клубот своите претставници имаше и на Меѓународниот турнир во Република Бугарија, од кои се вратија со еден бронзен медал.

Ребека Спасова М-Нет