Златни ланчиња мета на крадци во Штип

Во текот на вчерашниот ден во СВР Штип се пријавени две кражби на златни ланчиња.

Првата кражба е пријавена во 14.05 часот од страна на 75. годишна жена со иницијали П.С. која изјавила дека околу 13 часот на Ул.„Сутјеска“ непознато лице со употреба на физичка сила и` го одзело златното ланче од вратот.

Втората кражба се случила во 18 часот во населбата „Дузлак“, а истата е пријавена од 68.годишна жена со иницијали Л.К. Таа во 20.30 часот пријавила во СВР Штип и истакнала дека со употреба на сила и било одземено златно ланче од вратот.

Од СВР Штип јавуваат дека се работи на расчистување на случаите.

БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк