„Здравец 2002“ ќе ги мери ПМ честичките во каменичкиот воздух

Покрај мониторингот за квалитетот на водата во каменичка река еколошкото друштво „здравец 2002“ набави и мобилен детектор за мерење на загаденоста во воздухот со што тие ќе ги следат параметрите на присуството на лошите ПМ честички.

Па како и во сите градови најактуелно е загаденоста на воздухот и еколошкото друштво набави еден мобилен детектор за мерење на ПМ честички со нашето мерење даваме и образложение да ги известиме граѓаните од која до која граница е дозволено и сите кои пто се заболени со респираторни болести во тој временски период кога е најзагадено да бидат во затворени простории. Миран Митревски

Во минатото Македонска Каменица имаше и централно греење со комплетна инсталација во поголемиот дел од градот но како што одминуваа годините постепено пропагаше и целосно е оштетена инфраструктурата што доаѓаше од плавата некогашна убавица која беше и еден вид обележје на општината и се забележуваше од сите страни денес таа зграда е руинирана со искршени стакла и нефункционална го прашавме екологистот Митревски  дали постои барем мала надеж за повторна функција на тој објект рече дека треба да се посвети внимание кон новите обновливи енергенски.

Според сегашните услови мислам дека тоа сега е невозможно да се направи помина подолг временски период туку треба да се тражат нови алтернативни решенија со кои би се намалило загадувањето во општина македонска каменица а посебно во градот. Миран Митревски

Речиси 90 % од населението сега се своите домови ги затоплуваат на огревно дрво а каква ќе биде ситуацијата со квалитетот на каменичкиот воздух останува да покаже времето и мобилните мерења на еколошкото друштво.