Зголемен бројот на одобренија за градење во државата, најмногу за изградба на станови

Золемен бројот на одобренија за градење во државата, најмногу за изградба на станови со вкупна површина од 101 286 метри квадратни. Според податоците на државниот завод за статистика, од над 440 одобренија, дури 289 се наменети за објкети од висока градба, односно станбени згради, деловни објекти и други висококатници, информираат од државниот завод за статистика. Според нивните пресметки, само 15 проценти од одобренијата се за објекти од типот ниска градба, а нешто повеќе, односно 20 проценти за објекти за реконструкција. Како што посочуваат од таму, во иднина е предвидена изградба на 1 177 станови со вкупна површина од 101 286 метри квадратни.

,,Во октомври 2025 година се издадени 446 одобренија за градење, што е за 22,9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 289 (64,8 %) се наменети за објекти од високоградба, 68 (15,2 %) за објекти од нискоградба и 89 ( 20,0 %) за објекти за реконструкција. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите е за 25,1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 177 станови со вкупна корисна површина од 101 286 м2.“, соопштуваат од државниот завод за статистика

Како што дополнително посочуваат од таму, од вкупно 446 објекти, на 247 (55,4 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 199 (44,6 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Иван Митев, М-Нет