За десетина дена новоселци ќе уживаат во новиот СРЦ Ново Село

Спортско рекреативен центар Ново Село, ваква табла за десетина дена ќе биде поставена во овој дел од градот, кога ќе завршат и активностите за уредување на овој простор. Ново игралиште со поставени спортски реквизити, детско играиште, парк, простор во кој слободното време ќе може да го минуваат и сите од најамлите до повозрасните.

„Тоа што го реализиравме во изминатите неколку денови сакам да го споделам со јавноста, а се однесува на поставување нови кошеви, голови во спортското и детско игралиште во овој дел од градот. Поставивме детски реквизити со што го збогативме веќе постоечкото игралиштеи содржина, поставивме бекатон плочи на еден дел од овој парк. Она што го планираме во наредните неколку денови е да ја подигнеме постоечката заштитна ограда на игралиштето. Веќе сме во тендерска постапка за поставување нова подлога на самото игралиште, со нови рефлектори и комплетно осветлување“ – кажа Јорданов.

Овој простор треба да биде уреден и завршен за десетина дена, а истовремено за неколку месеци треба да бидат реконструирани и други детски игралишта во градот под Исарот, додава Јорданов. Ќе се започне со детското игралиште во населба Железничка.

„Започнуваме официално со овој дел од градот, следно ќе биде уредување на игралиштето во населба Железничка и Баби. Јас се надевам дека во наредниот период сите игралишта ќе бидат обновени“ – додаде Јорданов.

Точниот износ финансиски средства кои ќе бидат издвоени за уредување на овој простор ќе се знаат по заврување на истиот, бидејќи како што истакна Јорданов во тек се тендерските постапки. Истото се однесува и за уредувањето на останатите игралишта на повеќе локации во град Штип.

Лаура Стојанова М-Нет