Започна пролетната полусезона во Трета лига – Север и Југ: Фаворитите според планот за баражот и во двата региони!

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Овој викенд во два третолигашки региони започна пролетната полусезона, односно во Трета лига – Север и Трета лига – Југ.

Лидерот и фаворит за баражот за Втора лига, екипата на Шкендија Арачиново на домашен терен со минимални 1:0 ја совлада екипата на БВК Коњаре, а притоа го искористи ремито на Фортуна против Башкими Љуботен од 1:1 и со тоа Шкендија Арачиново има десет бодови повеќе од второпласираната Фортуна и со тоа тимот од Арачиново веќе е речиси сигурен патник во баражот за Втора лига.

Риниа на домашен терен во меч со девет гола ја доби Беса од Слупчане со 5:4, поранешниот прволигаш Еуромилк ГЛ на домашен терен со 1:2 загуби од новајлијата Ржаничино, Пчиња и Њу Старс ремизираа во дербито од дното играјќи 1:1. Ланскиот шампион Куманово со 2:1 славеше против Аеродром.

И во Трета лига – Југ фаворитите одиграа според посакуваното, па така лидерот Големо Коњари со 2:0 славеше против Питу Гули, Превалец преку пресврт со 4:1 го декласираше Бучин, Младост со 7:1 во Кривогаштани го декласираше Ултрас, а пак некогашниот второлигаш Росоман го загуби дербото со Башкими 2008.

Венес со 4:0 беше сигурен против Влазними Јуниор, а пак Слога во Лажани со 7:0 го декласираше Дреново.

Во однос на табелата на врвот е Големо Коњари со 31 бод, Башкими 2008 е втор со 28 бодови, а Превалец е трет со 27 бодови и овие екипи ќе ја водат пролетната борба за баражот за Втора лига.

Александар Ванев, М-Нет