Започна градежната офанзива во Штип, се реконструира ул.„Никоманска“

Со почеток на градежната сезона во државата започнаa и офанзивните градежни активности во Општина Штип. По рехабилитација на улицата „Ванчо Прке“ во Штип, нов изглед добива и улицата „Никоманска“ во населба „Сењак“ во Штип. Ќе се реконструираат 500 метри од оваа улица, односно 1050 квадрати.  Денеска се изврши увид во градежните активности од страна на градоначалникот на Штип, Николов.

„Денес се наоѓаме на увид во работата на лице место на ул.„Никоманска“ каде што имаме рехабилитација, т.е. гребење на стариот оштетен асфалт и поставување на нов асфалт кој што ќе даде една убава слика за жителите на оваа населба“ – истакна Николов.

Моментално се работи на реконструкција на улицата „Панче Карагозов“ во Штип.

„Во овој момент на потегот на ул.„Панче Карагозов“ имаме работни активности каде се врши реконструкција дел по дел на целата улица, канализационата мрежа ќе се реконструира за да после реконструкцијата настане втората фаза од самата улица алфалтирање на улицата и реконструирање на тротоарите“ – кажа Николов.

Во наредниот период се очекува во Штип да бидат рехабилитирани над 20 улици за време од околу два месеци, а потоа започнува период на реконструкција на поголеми улици за кои се чекаат проектните документации.

Лаура Стојанова М-Нет