Заменик-министерката за европски прашања на конференција во Белград на покана од првата дама на Србија

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, учествува на Belgrade Women’s Conference „RISE 2026, која се одржува на 6 и 7 октомври во Белград.

Заменик-министерката ќе се обрати на панел посветен на женското лидерство, регионалното поврзување и создавањето можности за идните генерации.

„Нејзиното учество е уште една можност за афирмирање на позициите на Македонија и за размена на искуства и идеи со лидерки и претставници од регионот и пошироко“, велат од Министерството.

Настанот е организиран од првата дама на Република Србија, Тамара Вучиќ.

Текстот Заменик-министерката за европски прашања на конференција во Белград на покана од првата дама на Србија е превземен од МАКФАКС.