
Ќе летуваат ли штипјани на домашните туристички дестинации или одморот ќе го поминат во соседството? Одговорите се различни, за едни пресудни се цените и квалитетот на понудата, додека за други изборот зависи од финансиските можности и личните навики. Дел од граѓаните сметаат дека и домашните туристички места нудат добри услови за одмор, а други велат дека ќе се одлучат за соседните дестинации доколку проценат дека нудат подобра вредност. Каде ќе заминат ова лето, велат, на крајот ќе одлучат сопствениот буџет и личните приоритети.
Граѓаните се согласни дека конечната одлука каде ќе се летува ја диктира семејниот буџет, односно колку дозволуваат финансиските можности.
„На одмор одам јас на Брегалница со јадицата, а зимно време на лов. Финансиите, завуси за некој е скапо, за некој е евтино, секој човек не е ист.“, велат граѓаните
И покрај различните ставови, едно е заедничко, одлуката каде ќе се летува најчесто ја носи семејниот буџет. Анкетираните велат желбите се едно, но финансиските можности и ова лето ќе бидат пресудни при изборот на дестинацијата.
Дајана Сандева, М-Нет