Екипи на ЈП Исар на терен – се миат улиците во центарот на Штип

Перење на улиците во Штип, косење на тревата на градските горбишта како и работа на водовни и канализациони мрежи се дел од активностите на ЈП Исар периодов. Улиците во централното градско подрачје се миеа од утринава, а како што велат надлежните станува збор за редовни активности кои се извршуваат секоја година овој период или нешто порано, зависно од временски услови и работите на терен.

„Екипи на ЈП Исар се на терен постојано. Во моментот се работи на перење на улциите во централното градско подрачје. Ова е активност која се извршува редовно секоја година и е дел од програмата на претпријатието. Истовремено, екипи има и на градските гробишта каде интезивно се работи на косење на тревата и уредување на просторот. Се работи и на водоводната мрежа во населбата Света Недела, и на останати места во градот каде се започнати работни активности на терен“ – велат од ЈП Исар за М-Нет телевизија.

Од таму додаваат дека освен редовните активности кои се извршуваат, постојано се работи и на проблеми кои ги пријавуваат граѓаните.

Лаура Стојанова М-Нет