Дурмиши: Oд 15 август нова училишна кошничка, намалување за најмалку 15 проценти

Од 15 август до 15 септември нова училишна кошничка, најави денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Во својата изјава тој истакана дека одлуката е донесе вчера со цел да се заштити животниот стандар на граѓаните, а со истата се предвидува намалување на цените на училишниот прибор за најмалку 15 проценти. Се опфакаат сите продавници, супер маркети и книжари.

,,Училината кошничка со која ги олеснуваме трошоците за сите родители. Согласно член 29 од законот за трговија, владата вчера донесе одлука со цел да се заштити животниот стандард на граѓаните и да се спречи зголемувањето на цените на училишниот прибор, пред почетокот на новата учебна година. Со предлог одлуката се определуваат највисоките цени, во трговијата на големо и трговијата на мало со училишниот прибор, која ќе се применува од 15 август до 15 септември 2025. Одлуката предвидува обврска за сите трговци и на големо и на мало да ги намалат цените на училишниот прибор и тоа најмалку 10 проценти трговија на големо и најмлаку 15 трговија на мало. Со оваа мерка се опфакаат сите продавници што нудат училишен прибор од книжари до супер маркети.“, рече Дурмиши

Секој попуст ќе биде означен со налепницата помалку трошоци, повеќе за тебе рече Дурмиши. А оваа одулка се однесува на производи како ранци, ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи, пенкала, дрвени и мрсни боици, пластелин и сл, додава Дурмиши

Според министерот Дурмиши, намалувањето ќе биде фер, реални и за потрошувачите, но и за трговците. Тој потенцираше дека минатата година училишната кошничка била исклучително успешна. Како што вели истата резултирала со намалување од околу 20 до 30 проценти.

Иван Митев, М-Нет