
Дури 596 возачи санкционирани за брзина над дозволената – само за еден ден.
Во текот на вчерашниот ден (17.08.2025), полициските контроли на патиштата низ земјата доведоа до вкупно 861 издадени платни налози. Најголем дел од прекршоците (596) се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Полицијата засилено контролираше и на други фронтови, со што беа санкционирани:
32 возачи со алкохол над дозволеното ниво,
51 возач кој управувал возило без возачка дозвола,
28 прекршоци за неправилно паркирање,
16 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем,
14 возачи за користење мобилен телефон при возење,
26 лица кои не носеле сигурносен појас.
Дополнително, согласно Законот за возила, полицијата отстранила шест нерегистрирани возила и два возила со технички неисправности.
Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови. Полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, за да се обезбедат побезбедни патишта и помалку несреќи.
Иван Митев, М-Нет