До минус 13 утрата во деновите пред нас, колку граѓаните се подготвени?

И до -13 ќе бидат утрата во деновите пред нас, колку граѓаните се подготвени, особено понеделник и вторник кога и дневната температура ќе биде со драстичен пад. Штипјани на терен поделени, едни подготвени, други изненадено неподготвени, ама децидни ќе мора да се снаогаат. Дел се грејат на струја, друг дел со огревно дрво, посочуваат дека доволно ресурси за затоплување мора да има.

Со ниските температури се очекува да се наполнат и амбулантите, грипот го прави своето. Граѓаните децидни потребен е снег, за да исчезнат сите бактерии и болести.

Веќе од недела кон понеделник се очекува доста пад на утринската температура и појава на мраз. Ако во недела утринската ќе биде од -5 до 2 степни, а дневната од -3 до 6, сепак во понеделник и вторник се очекува драстично да опадне температурата. Утринските ќе достигнат и до -13, а дневните 6 односно 3 степени.

Иван Митев, М-Нет