
Зелник по стар рецепт и домашно направен или купен – подготовките за Бадник започнаа, а со тоа и порачките во пекарите. Зелник, баница, лепче или погача со паричка е она што се прави пред бадник, велат од пекарите од каде додаваат дека годинава бројот на порачки е значително зголемен. Граѓаните немаат време па најчесто се одлучуваат да купат наместо да направат дома зелник, додаваат од штипските пекари.
„Ние веќе ги примаме порачките за зелници, за колачиња и за лепче со паричка. Ние сме подготвени и ги чекаме муштериите. Во градските средини луѓето веќе се со обврски и немаат време дома да си месат и затоа ние правиме зелник, баници, колачиња, лепче со паричка за престојните празници“ – вели Малинов.
Умешност и добро брашно пред се е потребно за да се направи зелник за Бадник. Но и цените во пекарите се достапни за џебот на граѓаните, па доволно е само да порачаат децидни се од пекарите.
„Цените се за зелник 200 денари, колачиња килограм 180 денари и лепче со паричка 30 денари. Потребно е умешност, добро брашно, зејтин и праз“ – додава Малинов.
На терен ги прашавме штипјани дали сами подготвуваат зелник за бадник или пак купуваат. Повозрасните анкетирани граѓаните велат дека тие подготвуваат сами, за разлика од младите кои се почесто купуваат.
Зелник, лепче со паричка, се задолжителни на бадниковата трпеза велат граѓаните во очи за големиот празник, и токму затоа сите се подготвуваат на свој начин.
Лаура Стојанова М-Нет