Детонит Плачковица го промовираше Сухејб Рушити како најново засилување

Детонит Плачковица за новата сезона од Втората македонска фудбалска лига промовираше ново засилување.

Станува збор за Сухејб Рушити, кој во Радовиш доаѓа од екипата на Гостивар, екипа која од следната сезона ќе игра во фудбалската „елита“ на Македонија.

22-годишниот фудбалер од Скопје во својата кариера покрај за Гостивар има настапувано и за Скопје, Вардар Форино, Шкупи и Металург.

Како што веќе објави телевизија М Нет, Детонит Плачковица претходно се засили со Дарко Стојанов, го врати Оливер Христов, а пак со Иван Настевски ја продолжи соработката за следната сезона.

Како што веќе информираше телевизија М Нет од Детонит Плачковица си заминаа Дарко Алексовски и Мартин Димовски.