Десетина деца заболени од грип моментално хоспитализирани во КБ Штип, лекарите со апел

Десетина деца заболени од грип моментално хоспитализирани во КБ Штип. Станува збор за бебиња, доенчиња, како и школски дечиња, на возраст од 6 до 10 години. Ирена Пешевска, од детското одделение при КБ Штип рече дека за лекарската помош повеќе доагаат абулантски пациенти. Иако е помал бројот на хоспитализирани, таа сепак апелираше на внимание до граѓаните.

,,Пред се знаеме дека овој период владее грип, веќе имаме изолирано инфлуенца А. Повеќе ни се амбулантски пациенти, кои што доагаат да бараат лекарска помош, а хоспитализирано имаме околу 10 тина. Имаме бебиња, доенчиња, како и школски деца.“, вели Пешовска

Како што потенцираше Пешовска, при вакви случаи, дечињата не треба да се мешаат. Потребно е да им се дава симптоматска терапија, супи, чаеви и многу витами.

,,Препораката до родителите во однос на грипот е да има помалку контакти да не се мешаат, да даваат симптоматска терапија, супи, чаеви и витамини.“, потенцираше Пешовска

Инаку, и од Институтот за јавно здравје, само во текот на 52-та недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 771 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, 2,5 пати повеќе во споредба со претходните недели . Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 52-та недела од минатата сезона е зголемен за 3,4 пати, а во споредба со бројот за 52-та недела од типичната епидемиска крива , зголемен е за 31,4%.

Иван Митев, М-Нет